Поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев како член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии Нина Ангеловска, добил 106.000 евра државна помош, пишува на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ, кој своевремено му беш советник на екс-министерот за финансии, Драган Тевдовски.
https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157353703642078
-Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии. Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде, вели Јовановски.