На 11.06.2020 во 4 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил со тешки телесни повреди.
Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.