Британската писателка Џ. К. Роулинг (54) ги повредила чувствата на некои свои обожаватели со изјавата за луѓето што имаат менструација. На својот профил на „Твитер“ саркастично се осврнала на темата род и пол, што предизвикало мноштво реакции во коментарите.
„Сигурна сум дека порано постоел збор за овие луѓе. Некој ќе ми помогне. Wumben? Wimpund? Woomud?“, напишала писателката мислејќи секако на Women.
И додека таа се бореше со забелешките од навредените обожаватели, актерот Даниел Редклиф (30), кој се обиде да го изгаси огнот што го запали Роулинг, се вклучи во дискусијата на интернет.
„Се надевам дека ова нема да го расипе уживањето на обожавателите во читањето на нејзините книги. Трансродовите жени се жени. Секоја изјава што ќе се обиде да го побие ова ги брише идентитетот и достоинството на трансродовите луѓе. Ако верувате дека одреден лик е транссексуален, безродов или родово неутрален, геј или бисексуалец, тоа е помеѓу вас и книгата што сте ја прочитале и таа врска е света. Никој не може да ви го промени тоа“, напиша актерот додавајќи дека тоа не е кавга со Роулинг, писателката што стана познат со серијата романи за Хари Потер кого на филмското платно го олицетвори токму Редклиф.