Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.536.303 лица. Од нив починале 421.220, а оздравеле 3.819.717 луѓе.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека од направени 2.518 тестови, во изминатите 24 часа е регистриран само еден позитивен случај на Ковид-19, а вкупниот број се зголеми на 975 случаи.
– Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, односно 3.088 од почетокот на епидемијата.
– Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, вчера во земјата се откриени 29 нови случаи, со што бројот на заразени од новиот коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 1.298. Од нив, излекувани се 913, од кои еден вчера, а досега починале 31 лице. Заклучно со вчерашниот ден, официјалната бројка на активни носители на вирусот изнесува 326. Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово досега се извршени вкупно 17.479 тестирања, од кои вчера 280.
– Околу 180 луѓе се заразени со коронавирус по една прослава на која се одбележувало завршувањето на рестриктивните мерки во индискиот град Нагрупу. Општинскиот комесар Тукарам Мундхе изјави дека организаторот на забавата заразил 180 луѓе, вклучувајќи 16 членови на едно семејство. Според него, 700 луѓе кои биле во контакт со заразените сега се наоѓаат во карантин. Момчето кое го организирало собирот со пет пријатели, купило месо од една населба, во која е регистрирано високо ниво на зараза.
– Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија во последните 24 часа во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица изнесува 151, достигнувајќи вкупно 41.279, соопшти британското Министерство за здравство и социјална заштита.
– Во последните 24 часа во Србија се потврдени уште 71 случај на Ковид-19, а починало едно лице. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 252 лица.
– Во Пакистан е забележан најголемиот дневен пораст на бројот на заразени со коронавирус досега, по одлуката за укинување на рестриктивните мерки. Во последните 24 часа во земјата се потврдени уште 5.834 нови случаи, а вкупно се инфицирани речиси 120.000 луѓе.
– БиХ нема да ги отвори границите за странски државјани пред јули, соопшти претседавачот со Советот на министрите на БиХ, Зоран Тегелтија.
– Во последното деноноќие во Хрватска нема новозаразени со коронавирус, па вкупниот број од почетокот на епидемијата и понатаму е 2.249 лица, соопшти Штабот за цивилна заштита. На болничко лекување се наоѓаат седум лица, а ниту еден не е приклучен на респиратор. Досега вкупниот број на починати во земјата изнесува 106 лица.
– Во Федерацијата БиХ во последните 24 часа се регистрирани вкупно 39 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.227. Од новиот коронавирус во земјата починаа 40 луѓе.
– Во Австрија бројот на дневно новозаразени со коронавирус останува на стабилно ниско ниво, а во последните 24 часа се регистрирани 27 случаи, од кои дури 20 се во Виена. Од почетокот на епидемијата се заразени 16.938 граѓани на Австрија, а бројот на смртни случаи е 674.
– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 44 новозаразени од Ковид-19, 21 оздравен и едно починато лице. Од почетокот на пандемијата, со последните 291, во земјата направени се 19.562 тестирања при што позитивен резултат имале 1.385 лица. Бројот на смртни случаи во Албанија изнесува 35 лица