Деновите на Златан Ибрахимовиќ во Милан изгледа се одбројани. Шведскиот напаѓач влегол во конфликт со извршниот директор на „росонерите” Иван Газидис за време на тренинг.
Шведскиот напаѓач има договор со Милан до крајот на сезоната со опција да го продолжи за уште една година, но се чини дека неговиот престој на „Сан Сиро” нема да трае долго.
Двајцата влегле во спор во текот на тренинг сесија, а локалните медиуми не јавија за конкретната причина.
Во последните месеци, Газидис не беше близу до клубот, а тоа не помина незабележано од Ибрахимовиќ, кој го забележал јавно овој факт.
Швеѓанецот исто така бил бесен на својот шеф за неговата одлука да го отпушти Звонимир Бобан, кој беше најзаслужен за враќање на Ибрахимовиќ во Милано.