Вооружен напаѓач го застрелал заменик – шерифот на округот Сан Луис Обиспо во Калифорнија во заседа во полициската станица, а потоа избегал од местото на настанот и наводно убил бездомник, пренесува „Њујорк пост“.
„Вооружениот напаѓач, идентификуван како Мејсон Џејмс Лира, го започнал своето дивеење кога отворил оган кон полицискиот оддел во Пасо Роблес околу 3:45 часот по полноќ и го застрелал полицаецот во главата“, соопштија од канцеларијата на шерифот.
Напаѓачот пукал и кон прозорците и вратата во зградата. Никој внатре не бил повреден.
„Веруваме дека ова беше заседа, дека тој ја испланирал, има сакал полицајците да излезат од полицискиот оддел за да ги нападне“, вели шерифот на округот Сан Луис Обиспо, Јан Паркинсон.
Лира (26) избегал од местото на настанот додека на повредениот полицаец му била пружана лекарска помош. Полицаецот е во сериозна, но стабилна состојба со куршум во главата.
Подоцна полицијата пронашла застрелан неидентификуван бездомник во железничката станица „Пасо Роблес“, во кого, како што се сомнева полицијата, Лира пукал еднаш одблизу во задниот дел на главата.
Полицајците синоќа беа во потрага по Лира, објавија фотографии од осомничениот и предупредуваа дека е вооружен.