Мијатовиќ: Јовиќ не е подготвен да успее во Реал

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го сподели своето мислење за играта на Лука Јовиќ за тимот.

– Би сакал да зборувам за талентот на Јовиќ или неговите цели, но сега тоа не е можно. Лука дојде во Реал Мадрид по импресивната сезона во Ајнтрахт (Франкфурт), но тој не беше многу забележлив. Тој изгледа дека не ја сфати идејата за успех во Реал. Тој не е 100 отсто концентриран, тој не е подготвен да успее, изјави Мијатовиќ за „гол.ком”.

Јовиќ се пресели во Реал од Ајнтрахт летото 2019 година за 60 милиони евра. 22-годишниот Србин забележа 24 натпревари, постигна 2 гола и даде 2 асистенции.

Во моментот, тој се опоравува од повреда и тешко дека ќе се врати наскоро.

Треба да знаете
Последни објави