Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска
„Доколку јавното обвинителство не го повика 3оран 3аев и не отвори случај по исказот даден во судница, тоа ќе се смета за уште една во низата на амнестии за 3оран 3аев. Доколку ОЈО не го повика 3оран 3аев тоа ќе значи признавање дека обвинителството работи по диктат на Заев, но и јавно признавање дека 3оран 3аев стои зад случајот „Рекет“. Јавното обвинителство мора, има обврска и должност да постапува по допрен глас согласно своите надлежности и овластувања, а предвидени во нашите закони.
ЈО е должно да го штити јавниот интерес и да не дозволи никој, па ни 3оран 3аев да е над законот. ЈО продолжува да биде затворено во пупката на Заев. Дури ни по барање на првообвинетиот во случајот „Рекет“, неговиот мобилен телефон но ни мобилниот телефон на Заев не се земени на вештачење, иако јасно и недвосмислено е посочено на постоење на порака со содржина – „Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите“.
Внимавајте, премиер на држава, две недели пред наводно да го пријави случајот, во ОЈО, повикува на сега првообвинетиот нагласувам, на „соочување на докази“. Тоа може да се толкува само дека 3оран 3аев поседува докази за време на истрага, а можеби и пред истрага во време пред воопшто рекет да биде пријавен, тоа значи дека 3оран 3аев знаел за рекетот и дека во најмала рака изигрува обвинител и судија, а уште повеќе глава на злосторничкото здружување за рекетирање.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот, македонскиот народ повеќе не може да трпи компромиси со криминалот, а со 3оран 3аев и СДСМ Македонија тоне, и тоа тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.
Апелираме до обвинителите во ОЈО и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се охрабрат и да излезат од сенката на Јовевски и Рускоска и да застанат во одбрана на правото и правдата.
Одговорност мора да има и ќе има.