Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси побара на отстранување на статуите на Конфедерацијата од Капитол по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува ТАСС.
„Ходниците на Конгресот се срцето на нашата демократија. Статуите во Капитол треба да ги отелотворуваат нашите највисоки идеали како Американци, изразувајќи кои сме и кои се стремиме да бидеме како нација. Спомениците на луѓето кои се залагаа за суровост и варварство за да се постигне таков расистички крај се гротескна навреда на овие идеали”, се вели во писмото на Пелоси во писмото до Заедничкиот комитет за библотеката во Конгресот.
Пелоси прв пат побара на отстранување на статуите во 2017 година. Во статуите спаѓаат фигура на Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедеративните држави на Америка, која постоеше помеѓу 1861 и 1865 година и се бореше против САД за време на Американската граѓанска војна.
Масовни немири зафатија многу американски држави поради смртта на Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец му клекна на вратот и го задуши при апсењето.
На 26 мај сите полицајци вклучени во апсењето беа отпуштени. На 29 мај, полицаецот Дерек Шавин беше уапсен под обвинение за убиство од трет степен и обвинение за убиство од втор степен. Сепак, на 3 јуни, јавниот правобранител на Минесота, Кит Елисон го зголеми обвинението против Шавин на убиство од втор степен.
Тројцата други полицајци вклучени во фаталниот инцидент беа уапсени и се соочуваат со обвиненија за помагање и поттикнување убиство од втор степен.