По 500 евра казни за 41 струмичанец за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Oбвинителството предложи судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. ​

Треба да знаете
Последни објави