Само германскиот фудбалски првак Баерн (Минхен) може да го „украде” Јурген Клоп од Ливерпул, изјави поранешниот играч на „црвените” Стив Мекманаман во интервју за „Дејли Стар”.
Тој верува дека Германецот ќе му биде тешко да се раздели со клубот, поради неговата силна врска со играчите и навивачите, но ако тоа се случи некогаш, тоа ќе биде за тим со стабилноста на Баварците.
– Мислам дека тој навистина ги обожава Ливерпул и Премиер лигата, но можам да го видам еден ден назад во Германија на чело на Баерн (Минхен). Не можам да ја отфрлам оваа опција заради начинот на кој работи овој клуб и начинот на кој тие го третираат. Пред неколку години, се чинеше дека Баерн е на последен здив, но сега сè е радикално различно, а заедно со некои поискусни фудбалери, имаат многу квалитетни млади кои се жедни за успех. Што се однесува до Реал Мадрид и Барселона, јас лично не мислам дека Клоп ќе има желба да ги води или да работи во Ла Лига. Овие два клуба повеќе ја не