Се гради училиштето „Димитар Македонски“ во населба Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, денеска извршија увид во градежните работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

И двајцата констатираа дека работите течат според предвидениот тек и се очекува објектот да биде пуштен во употреба идната година.

„Изградбата на новиот објект е од витално значење за учениците од овој дел на општината“, изјави градоначалникот Марин и посочи дека населбата Лисиче ќе добие современо основно училиште.

Инаку, новото училиште е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици организирани во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

Треба да знаете
Последни објави