Маж, на возраст од 22 години, со нож усмртил заменик директор на основно училиште и ранил две деца, во северниот словачки град Врутки, јави Би Би Си.
Полицијата соопшти дека непосредно по нападот, тие го ликвидирале напаѓачот и дека ситуацијата е под контрола.
Началникот на локалната полиција, генерал Лукански, опиша дека напаѓачот скршил стаклена врата за да влезе во училиштето, а потоа со нож го прободел заменикот директор на училиштето, кој се обидел да го запре.
Напаѓачот потоа го ранил домарот на училиштето, а потоа влегол во најблиската училница, каде сериозно повредил учител и двајца ученици.
Напаѓачот се обидел да избега, но повредениот домар го следел сè до пристигнувањето на полицијата, која безуспешно се обидувала да го уапси, но потоа биле принудени да отворат оган и да го ликвидираат.
Во пукањето се повредени и двајца полицајци, а локалната болница сè уште не соопшти за здравствената состојба на повредените лица во нападот. Сепак, дел од локалните медиуми наведуваат дека една од жртвите се бори за живот.
Не е познат мотивот за нападот.