Стаменковска Стојковски: Секако дека Манчевски и Заев се најкомпетентни да зборуваат за штетата од лажните вести, тие самите се доказ за тоа

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски на својот профил на Фејсбук реагираше на коментарите од СДСМ заширење на лажни вести од страна на СДСМ.

-Секако дека Дамјан Манчевски и Заев Зоран се најкомпетентни да зборуваат за штетата од ширењето на лажни вести. Впрочем, тие самите се доказ за тоа. Предизвикаа огромна и непоправлива штета на државата, а дојдоа на власт благодарение на креирање и пласирање на псевдовести, невистини, лаги и шпекулации. Со лиферување на лаги, манипулации и нереални ветувања ги подгреваа надежите на граѓаните за подобра иднина и свесно споделуваа дезинформации за бесплатно здравство и бесплатни студии во ЕУ, како и 25.000 евра за секое земјоделско семејство, 500 евра плата, автопати, гасификација, изградба на Клинички Центар…. И би можеле со денови да набројуваме за лагите и манипулациите на СДСМ. Денес продолжуваат да се фалат со успеси споделувајќи слики од други држави. И да, со еден клик, може да ги открие лагите на СДСМ и некомпетентноста на функционерите на оваа Влада.

Проекти нема, бидејќи за тоа е потребно работа и посветеност која секако за СДСМ е непознат свет. Но, затоа во отсуство на реални проекти, желба за креирање на лажни вести во кујната на СДСМ има. Македонија не заборава!, пишува Стаменковска Стојковски.

https://www.facebook.com/nevenkastamenkovska/photos/a.225876057842391/967120347051288/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARB47_fEGaI3DK47Qsc77E-siV_qckXiJQWqPo2NgCZdgTW_TfjtpDgheN5lJ3_US6GuBr8A26abswl_F0q7Sy3uq70Wc44aP0uCNjcqCSz4aYXAMQ2zDOASUvRlAss6jLpwIK5jFoiuxzm7I6PAszdLTch39n0vEwZJ2SLkPSaG8ZqstmcxMutzK3C9jopvxEEOYWvDCPMG4xJxR6GHVUzSnRDS3Nd2sqUa3UkbSEnfyeWD4f0k5sCqwB6jlsUC170KGc-00088f6aMGZQlEtWuyCO6_YnkMksbrrb7b7eWDtl4ebr8ramUWw27QX6Gk-7URxyA8g651LU9_xumhRM&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави