Фејк њуз Мисајловски од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ, продуцира лажни вести на најјако

Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако.
По фејк њуз Христијан Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски, во своите лажни вести се заглави и  потпретседателот Владо Мисајловски.
Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кратко траеше.
Фејк њуз Мисајловски постираше фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас, но веднаш беше поклопен од вистината.
Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква.
Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата низ цела држава!
СДСМ останува посветена на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија.

 

Треба да знаете
Последни објави