Создадени се нови кластери во Охрид на семејна прослава на која присуствувале околу 200 лица, од нив 8 се позитивни, а 40 се во изолација. Исто така во семејна прослава во Скопје на која присуствувале околу 100 лица од нив 14 се позитивни. Голем проблеми е што дел од случаи не соработуваат за анкетите не даваат точни информации, изјави министерот за здравство Венко Филипче.