И покрај противењето на конзервативците, пратениците, исто така, гласаа да им се дозволи на лезбиските двојки да користат сперма од донор за да забременат. Законот треба да биде усвоен и од горниот дом на парламентот.
„Со 132 гласови „за“ и 52 „против“ и 13 воздржани, Националниот совет вели ДА на вистинска еднаквост # Ehefüralle!“, Објави организацијата за човекови права „Пинк крос“ на Твитер, користејќи го хаштагот што значи „брак за сите“.
Активистите посочуваат дека на тоа чекале многу долго.
Швајцарија донесе закон кој ги штити лезбијките, хомосексуалците и бисексуалците од дискриминација дури во февруари.
Предлог-законот дојде во парламентот 13 години откако Швајцарија го озакони граѓанското партнерство.
Анкетата за „Пинк крос“ во февруари покажа дека повеќе од 80 проценти од Швајцарците го поддржуваат бракот од ист пол



