Велика Британија ќе воведе гранични контроли со Европската унија во неколку фази од 1 јануари, со цел да им даде на компаниите погодени од кризата со коронавирусот повеќе време за пополнување формулари и да плаќаат даноци.
Владата во Лондон објави дека во првите шест месеци од 2021 година ќе бидат воведени нови барања во фази, а со оглед на влијанието што пандемијата го имаше врз економијата, додека компаниите се подготвуваат за нови царински системи со ЕУ, која е најголемиот трговски партнер на Велика Британија.
Претходно, во февруари, Велика Британија соопшти дека планира да воведе контроли на увоз на стоки од ЕУ на граница, веднаш по завршувањето на транзицијата на 31 декември.