Изминаа два и пол часа откако лидерите на владеачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски разговараат во вилата на Водно околу датумот за одржување на предвремените избори. Информација како напредуваат прегповрите нема.
Средбата ја иницираше шефот на државата Пендаровски кој денеска напладне соопшти дека нема да ја продолжи вонредната состојба.
Двете партии велат дека се за договор околу датумот за избори, но нагласуваат дека тоа ќе зависи од спротивната страна. Пред прекинувањето на меѓусебната комуникација на оваа тема двете водечки партии на македонската политичка сцена разговарале парламентарните избори да се одржат во среда на 8 јули.