Во Општина Кисела Вода се гради затворен пливачки базен и се реконструира трим патеката

Денеска градоначалникот Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски извршија увид во работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња”, и на трим патеката во Општина Кисела Вода.

Базенот кој го гради Агенцијата за млади и спорт ќе биде со широчина на корито 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метри. Габаритот на целиот објект е 31 x 21 м. Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на градежните работи е фирмата Енерго инвест трејд – Скопје.

По изградбата на училишниот базен кој на почетокот на минатиот месец почна да се гради во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, ќе се подигне свеста кај најмладите, а и кај останатите граѓани за водените спортови.

Воедно, во истовреме Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода, во должина од повеќе од два километри врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. И со оваа голема инвестиција, жителите на Кисела Вода конечно ќе добијат подобри услови за спортување, рекреирање, прошетки и дружба. Проектот за реконструкција на патеката е на Општина Кисела Вода.

Додека се одвиваат градежните активности на трим патеката, Општината ги замолува граѓаните за трпение.

Треба да знаете
Последни објави