Захарова: Западната коалиција мора да сноси одговорност за кампањата во Ирак

Молчењето за злосторства извршени од Западната коалиција во Ирак е недозволиво и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифингот за новинарите во четвртокот, пренесува ТАСС.

Таа посочи на неодамнешната изјава на британскиот директор на Управата за истраги во службата, кој рече дека сите истраги и гонење на британскиот воен персонал за злосторства што можеле да ги извршат во текот на годините на воената кампања во Ирак, ќе бидат завршени за неколку недели.

Захарова рече дека е крајно нејасно зошто треба да се прекине истрагата за специфични инциденти и факти.

„Важно е да се спречат злосторствата извршени од западната коалиција во Ирак, да не се туркаат под тепих и да се изведат одговорните пред лицето на правдата“, рече Захарова.

„Периодов моментум добива кампањата за истрага на причините за пандемијата на коронавирус и некои земји се обвинети и споменати со имиња. Секако, сето тоа се прави на солидна политичка основа.

Зошто да не се направи истото во однос на настаните во Ирак што се случуваа со години? Има толку многу докази. Толку многу луѓе, вклучително и цивили од суверена држава, ги загубија животите. Зарем не е вистински момент да се изведат пред лицето на правдата некои претставници на Западната коалиција? “, зараша таа.

Захарова посочи дека изјавата на толку висок британски функционер е јасен доказ оти Лондон е решен да сокрие бројни примери на срамно однесување од страна на британските трупи во Ирак. Според неа, има регистрирано 3.500 вакви инциденти.

„Овие се најсрамните страници што се запишани засекогаш во историјата на вооружените сили на Нејзиното Височество“, рече Захарова, додавајќи дека политиката на Лондон треба да биде осудена од светската заедница за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави