Иновациски грантови за три основни училишта од Карпош

Три основни училишта од територијата на Општина Карпош,  од вкупно 39 основни и средни во државата  се наградени за проектите во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3 “, кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Основците од ООУ „ Димо Хаџи Димов“ со проектот „ Со компостирање до помалку отпад“, добија награда во вредност од  188.000 денари, додека учениците од ООУ „  Јан Амос Коменски“, со проектот „ Бојата на светлината растот на растенијата и Mlcrobit“, доби 110.000 денари, додека основците од  „ Вера Циривири-Трена“, за проектот именуван како  „ Напредна биологија за нашата екологија“, добија финансиска награда од 225.000 денари.

На  церемонијата по повод врачување на наградите, техничкиот премиер на Република.С. Македонија, Оливер Спасовски нагласи дека и покрај вонредните околности со кои се соочува образовниот процес поради пандемијата со Корона вирусот, тоа не ги спречило македонските ученици да работат на себе, на својата надградба и да ги постигнуваат поставените цели во своето образование. Директорот на  Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски нагласи дека ова е конкретен пример како  теоретските проекти ќе се реализираат во практика, и изрази голема благодарност до сите ученици и  нивните ментори за нивниот вложен труд кој резултирал со одлични проекти.

 

Треба да знаете
Последни објави