Екипата на Манчестер јунајтед е клуб кој исплаќа највисоки плати во англиската фудбалска Премиер лига. Според „Делоит” за сезоната 2018/2019 „црвените ѓаволи” потрошиле 352 милиони фунти за платите на своите играчи и вработени. Тоа е 56 милиони повеќе од претходната сезона.
Единаесет фудбалери на Јунајтед земаат повеќе од 100.000 фунти неделно, а четворица заработија повеќе од 200.000 фунти секој.
На второто место по овој индикатор е Манчестер сити. „Граѓаните” платија 315 милиони фунти во форма на плати за минатата сезона. Челси е трет со 1 милион помалку, а скоро сигурниот шампион Ливерпул е на четвртото место со 310 милиони.
Топ 6 ги надополнуваат Арсенал и Тотенхем. Севкупно, екипите на „големата шесторка” платија 1,7 милијарди долари минатата сезона.
Просечната годишна плата за целата Премиер лига е 158 милиони фунти, што значи дека платите на „Олд Трафорд” се повеќе од двојно повисоки од просечните.