Верувале или не, ниту една од трите пејачки на фотографијата не е на првото место, иако сите се на листата на најбогати музички ѕвезди во Србија.
Сите информации се преземени од сајтот „Celebrity net worth“ каде може да си проверите и за други ѕвезди, но не гарантираме дека бројките се точни во целост.
5. Според податоците на сајтот, на петтото место се наоѓа познатата поранешна ЈУ-пејачка, глумица и менаџерка Лепа Брена. Таа е родена во Босна и Херцеговина, но од ’80-ите живее во Србија и „тежи“ 16 милиони долари. Многумина очекуваат дека таа би била на првото место на најбогати ѕвезди во Србија, но не знаеме на кој начин е пресметано богатството и дали со сигурност изнесува толку.
4. На четвртото место се наоѓа Здравко Чолиќ, човекот кој очигледно не старее и секогаш има моќ да наполни цел стадион. Иако е роден во Босна и Херцеговина и својата земја ја носи во срце, тој се наоѓа на оваа листа бидејќи исто така одамна живее во Србија, а „тежи“ 20 милиони долари.
3. Богатството на Јелена Карлеуша, познатата пејачка и ТВ ѕвезда, која е омажена за фудбалерот Душко Тошиќ, се проценува на 40 милиони долари.
2. Веројатно погодувате дека блиску до врвот е секако најпопуларната српска пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Таа тежи неверојатни 80 милиони долари.
На сајтот се наведува дека нејзината популарност не престанала да се зголемува од моментот кога се појавила на сцената во 1988 година, а досега има објавено 15 студиски албуми.
1. За неа речиси сите знаат дека е богата, но дали сте знаеле дека богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони долари? Популарна е и во Бугарија и Романија и сопственичка на сателитската телевизија DM SAT.
Во 2018-та богатството ѝ било проценето на 30 милиони, па во овој случај Цеца би била на првото место, но според последните промени на сајтот, тоа изнесува 100 милиони, иако не знаеме дали со сигурност е пресметано само нејзиното или заедничкото богатство со сопругот.
Преземено од crnobelo