По однос на денешната изјавата на Нури Бајрами од ДКСК поврзана со незаконитости и злоупотреба на финансиски средства на ИВЗ, меѓу другото беше наведено недоставување на основен извештај и годишна сметка на ИВЗ во Централен регистар на Република Северна Македонија.
Ве информираме дека основниот регистар на Верски заедници, црква, религиозни групи согласно закон го води надлежниот суд.
ЦР тие податоци меѓу кои и податокот за обликот на верските заедници како непрофитни организации ги превзел од судот согласно Закон за едношалтерски систем во 2005 и 2006 година кога и биле предвидени законските рокови за преносот на податоците и наведеното основањето на ИВЗ е направено со Решение на суд уште пред 2006 година.
Исто така согласно Член 33 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група стои дека:
(1) Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи, во согласност со закон и со прописите на црквата, верската заедница и религиозната група.
(2) Финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен интерес.
Согласно член 18 од Закон за сметководство на непрофитни организации, непрофитните организации чија што вкупна вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност не се обврзани да составуваат финансиски извештаи и да ги доставуваат во Централен регистар во согласност со одредбите на овој закон.
Тие непрофитни организации се должни да ја водат најмалку книгата за благајната и книгата на приходи и расходи.
Токму поради тоа што согласно Закон за сметководство на непрофитни организации не е задолжително доставувањето на финансиските извештаи, ЦР не поведувал постапки против ниту една верска заедница, црква, религиозни групи .
Од горенаведеното, Централен регистар на Република Северна Македонија не може да знае колкави се нивните приходи кои ги водат во книгите за благајни и книгата на приходи и расходи .
Обврската согласно Законот во конкретниов случај е на ИВЗ.