Црна Гора ќе позајми од Меѓународната банка за обнова и развој ИБРД 25 милиони евра, јавија црногорските медиуми.
Тоа е дополнителен заем за финансирање на развојна политика – отпорност на фискалниот и финансискиот сектор и ќе биде поврзан со гаранцијата на Светската банка од 80 милиони евра, врз основа на која Црна Гора неодамна позајми 250 милиони евра за 12 години и со каматна стапка од 3,63 отсто.
Предложен е рок на достасување до 25 години, вклучително и 5-годишен грејс-период и полугодишна рата за отплата.
Ова задолжување беше одобрено откако Црна Гора побара од Светската банка да обезбеди дополнителни средства за да се исполнат зголемените барања за финансирање на програмата за решавање на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.