Чаир има повеќе болни од Ковид 19 отколку Куманово

Според последните извештаи од Министерството за здрвавство, во изминатово деноноќие се регистрирани нови 164 заразени од Ковид 19, од кои 24 се од Куманово, каде во моментов има 202 активни случаи на болеста.

Од друга страна, заклучно со вчера, односно без денешните 84 новозаболени во Скопје, во Чаир има 235 активни случаи. Далеку зад Чаир се Гази Баба- 89, Бутел- 88,  Аеродром-87, Центар-87, Карпош-79,  Сарај-75 итн.

 

Треба да знаете
Последни објави