Непознати активистите во Брисел синоќа го отстранија споменикот на белгискиот крал Леополд Втори.
Во квартот Одергем останал само празниот пиедестал, а не се знае каде е статуата на кралот. Леополд Втори владееше со Слободна Држава Конго од 1865 до 1909 година, а неговите трупи убија и осакатија милиони луѓе во Конго.
Уште неколку дела кои го претставуваат Леополд Втори се вандализирани, запалени и обоени во црвено.
На мета на активистите беше и споменикот на кралот Бодуен, кој беше обоен во црвено и беше напишано „репарација”.