Грција мора да донесе мерки за дефинирање на долгорочна политика што е можно поскоро, со цел да го подобри прифаќањето и интеграцијата на мигрантите, рече комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.
„Грчките власти мора што поскоро да се справат со лошите хигиенски услови и психолошките проблеми (…) кои го загрозуваат здравјето на барателите на азил и мигрантите на островите“, рече Дуња Мијатовиќ, која ја посети земјата на почетокот на јуни.
Во камповите за регистрација и прием лоцирани на пет острови во Егејското Море, вклучувајќи го и Лезбос, живеат вкупно 31.000 луѓе, а има 6.000 места. Сè уште нема доволно тоалети и јазли за вода.
Комесарката исто така изрази загриженост за одлуката на грчката влада да протера илјадници бегалци кои живеат во социјални станови.
Новиот закон за азил во Грција, кој стапи на сила од 1 јуни, го намали од шест месеци на еден месец периодот за време на кој бегалците кои добиле азил можат да останат во тие станови финансирани од ЕУ во рамките на програмата за домување на ЕСТИА што ја води Високата комисија за бегалци (КРОМАК).
Повеќе од 11.200 бегалци треба да ги напуштат тие станови, според грчкото Министерство за миграција.
Таа одлука може да ги претвори во бездомници, рече комесарката.
Таа ги повика грчките власти да им помогнат и да осмислат и спроведуваат долгорочна политика на интеграција.