На средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва лидерите на двете најголеми политички партии, на владеачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христиј Мицковски не е постигнат договор за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, соопштија од кабинетот на шефот на државата.
Средбата се одржа на покана на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“.
На истата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.