Инсталации со фискални сметки и фактури низ Штип поради неодговорното однесување и заштита од Ковид-19

Во текот на денешниот ден Штип арт активистите спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на работодавачите, превозниците, работниците и институциите.

„Преку оваа акција сакавме да ја потенцираме неодговорноста и непочитувањето на насоките и мерките за заштита дадени од Светската здравствена организација и Кризниот штаб, поради што станавме сведоци на ширењето на заразата со Ковид-19 и на неможноста да се заштитат граѓаните на Општина Штип и околината.Сакаме да пренесеме порака дека неодговорното однесување си има своја цена и истото е претставено преку банерот кој е поврзан со претходната акција. Претходно во автобусите се возеа суперхероите на Штип, но денеска тие се полупразни бидејќи во нив се ширеше заразата со корона вирусот. Автобусите сега, наместо супер херои, превезуваат вируси на Ковид-19“, велат активистите.

Пред текстилните фабрики, Општина Штип, плоштад „Слобода” и градскиот пазар се поставени инсталации со фискални сметки, фактури и парагон блок на кои ги има податоците со бројот на заразени и мерките кои беа прекршувани како показател дека неодговорното однесување и непочитувањето на мерките резултира во зголемениот број на заразени, дијагностицирани, хоспитализирани и починати.

„Апелираме до сите граѓани, работодавачи, превозници и институции, да ги почитуваат мерките, да бидеме сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да го заштитиме колективното здравје во нашиот Штип“, порачуваат активистите.

Треба да знаете
Последни објави