Иран си ги бара замрзнатите милијарди долари од банките во Јужна Кореја

Иран ја повика Јужна Кореја да ги ослободи  иранските средства изразени во повеќе милијарди долари, што заради американските санкции се замрзнати во банките во Јужна Кореја.

-Забраната на Јужна Кореја нашата земја да ги користи ресурсите на Централната банка за купување на основни производи, лекови и хуманитарни средства на ниту еден начин не е прифатлива и очекуваме владата во Сеул да ги укине овие ограничувања што е можно поскоро, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за британските медиуми.

Тој му наложи на директорот на иранската Централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

Рохани не кажа колку пари се замрзнати, но новинската агенција Борна го цитираше претседателот на Иранско-јужнокорејската трговска комора, Хосеин Танахи, кој соопшти дека во банките во Јужна Кореја се блокирани меѓу 6,5 и девет милијарди американски долари  што му припаѓаат на Иран.

Треба да знаете
Последни објави