Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус изјави дека има намера да се бори за место во стартниот состав и дека не размислува за друг клуб.
– Сакам да играм фудбал и дефинитивно немам намера да го напуштам Ливерпул. Сега треба да дадам максимум, да се прикажам во најдобро светло. Сакам да се покажам на тренинзи. Во Англија, голманот кој е на замена секогаш ја добива својата шанса. Сега сум играч на најдобриот тим во светот, ќе се борам за титули, околу мене се партнери од висока класа. Што друго е потребно? Имам намера да се борам за место во составот, нагласи Кариус.
Тој нема играно за „црвените” откако направи грешки во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид (1:3).
Оваа сезона голманот беше во Бешикташ на позајмица, но рано го раскина договорот со турскиот клуб.