Од септември Македонија ќе има многу предизвици на сите полиња и нив треба да ги решава политичка влада со полн мандат, смета националниот координатор за европски интеграции Бојан Маричиќ кој вечерва беше гостин на ТВ Телма.
-Ние не сме за избори без опозиција, не е ова посакувано сценарио за Владата, меѓутоа исто така нема да дозволиме бесконечно да се кочат работите – рече Маричиќ.
Според националниот координатор за европски интеграции 22 дена по завршувањето на вонредната состојба избори мора да има, ако не се договори нешто друго.