Сигурни Вивер наговестува петто продолжение на „Осми патник“

Во филмската историја има неколку ликови кои засекогаш ќе го издржат тестот на времето, а еден од нив е Елен Рипли на Сигурни Вивер од оригиналните филмови на Alien („Осми патник“).

И покрај тоа што поминаа неверојатни 23 години од времето кога Вивер, која сега има 70 години, глумеше хероина што уништува суштества од друга планета , тоа е лик со кој одамна чувствува сродство и со кој би можела да се сретне уште еднаш.

Сигурни Вивер неделава ја наговести можноста за петтo продолжение на хит-серијалот „Осми патник“ во кој го игра ликот што ја прослави, безвременската хероина Елен Рипли.

Во интервју за списанието „Емпајр“, ѕвездата на Ghostbusters („Истерувачи на духови“) откри некои вести што ќе ги израдуваат фановите на научно фантастични филмови – таа прочитала текст на 50 страници од продуцентот на „Осми патник“ Волтер Хил кој циркулира повеќе од една година, а во кој Рипли е во уште една нова итерација.

„Отсекогаш сум чувствувала дека ми е партнер,“ рече Сигурни за улогата што прв пат ја постави на мапата на популарноста. „Таа е секогаш во мојот стомак“.

Ова е вешта употреба на фраза која алудира на третото продолжение од 1993 година кога Вивер (како поручникот Рипли) беше тело-домаќин на кралица вонземјанин (осми патник) која излегува од нејзиното торзо во иконската кулминација.

Ова се случи откако актерката направи историја во 1987 година, а една година пред тоа беше номинирана за Оскар за нејзината улога како Рипли во брилијантното продолжение на Џејмс Камерон – и до денес таа единствена актерка што го привлече вниманието на Академијата за филм за жанрот научна фантастика /хорор.

Треба да знаете
Последни објави