Средношколци нема во списоците за платежна картичка, а не можат ни да се пријават

Дел од средношколците не добиле известување дека им следува платежна картичка од 3.000 денари од Владата, ниту пак можат да поднесат приговор бидејќи e пребукирана електронската адреса, пишува САКАМДАКАЖАМ.мк.

Средношколци реагирале објаснувајќи дека иако ги исполнуваат условите односно имаат над 16 години и учат во државно училиште, не се известени, ниту пак ги има во листата на веб страната „купувај домашно“ на Владата,  каде со внесување на матичен број можат да проверат дали им следува платежна картичка.

-Откако нѐ немаше на списокот, решивме да поднесеме приговор на електронската адреса која е оставена за таа намена, finansiskimerki@gs.gov.mk. Но, пораката ни се враќа со известување дека преполно е сандачето и затоа не можеме да го испратиме меилот, велат средношколци од Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави