Статусот на Аја Софија, истанбулската црква од 6 век, претворена во џамија и музеј во 1930-тите, е прашање на „национален суверенитет“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„На крајот, тоа не е меѓународно прашање. Станува збор за национален суверенитет“, изјави Чавушоглу за мрежата НТВ, одговарајќи на прашањето дали таа ќе биде отворена за исламски обреди.
Аја Софија е впишана на списокот за светско наследство на УНЕСКО, но строгите толкувачи на исламската вера долго време бараат денешниот музеј повторно да стане џамија.
Во мај во Аја Софија се одржуваа молитви на годишнината од османлиското освојување на тогашниот Цариград во 1453 година, а денес Истанбул.
„Некои кругови надвор од турската нација не можат да се помират со тоа на кого му припаѓа Аја Софија, па дури ни Истанбул, и тоа денес, 567 години по освојувањето“, рече тој.
„Важно е она што го сака турскиот народ“, додаде турскиот началник на дипломатијата, држејќи документ од 1462 година, во кој се вели дека Аја Софија е регистрирана како џамија.
За многу Турци, сегашниот статус на Аја Софија е симбол на секуларниот устав на земјата. Црквата била изградена од Византијците, а Османлиската Империја ја претворило во џамија за да стане музеј во 1935 година.
Официјална Атина ја осудува употребата на поранешното седиште на Грчката православна црква во религиозни цели.
Чавушоглу ги отфрла „лекциите од Грција“ и предупредува дека Атина денес е единствената престолнина во Европа без џамија.