Дури и во самоизолација среде пандемија на коронавирус, Брук Барк успева да одржува совршена линија и да се грижи за своето тонирано тело без никаква опрема.
48-годишната поранешна водителка на популарното ТВ-шоу „Танц со ѕвездите“, која создаде дигитална апликација за фитнес за да им помогне на другите да ги трансформираат своите тела, сега се фокусира на споделување „кратки ефективни 15-минутни вежби што ќе го променат вашето тело брзо“ како што тврди таа на социјалните мрежи.
За дополнително да ги охрабри своите 421.000 следачи на Инстаграм да ја испробаат нејзината програма, мајката на четири деца ја покажа завидната физичка фигура само во долна облека.
На некои позадински фотографии од нејзината апликација Brooke Burke Body App, убавата фитнес гуру се гледа како се истега и вежба, со целосен приказ на својата атлетска фигура.