Градоначалникот на Гази Баба примен на Инфективна

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски денеска е примен на Инфективната клиника, но нема потврден позитивен тест на коронавирус, дознава 24Инфо.

Според наши информации, Георгиевски пред неколку дена имал проблеми со бубрезите, но денеска бил примен на Инфективна клиника. Таму му биле направени сите прегледи, а поради наодот од рентгенот на белите дробови е задржан на лекување.

Направен му е тест, но засега не е потврдено дека е позитивен на Ковид-19.

Дали е заразен со коронавирус ќе биде познато утре.

Треба да знаете
Последни објави