Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковска на нејзиниот Фејсбук профил коментираше за случајот со вработен во Генералниот секретаријат на Владата кој бил позитивен на тестирање на Ковид-19.
„Во обид да се прикаже ситуацијата како нормална кога имаме над 1.800 активни случаи на КОВИД-19, Владата во континуитет носи низа неодговорни и нелогични одлуки во кои македонската јавност може да ја препознае нивната алчност, непромисленост и саможивност. Раководните лица на институциите не само што не преземаат никакви мерки за заштита на здравјето на вработените, туку со нивните чекори дополнително ја влошуваат ситуацијата и од јавниот сектор создаваат жариште на зараза. По пријава од вработени кои се сериозно загрижени за сопственото здравје и здравјето за нивните најблиски, добив известување дека вработена во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија на 8 јуни се тестирала и е потврдено дека е позитивна на Ковид-19, со што во голем ризик биле ставени вработените кои патувале со неа, но и околу 20 нејзини колеги кои се во иста канцеларија со вработената.
https://www.facebook.com/225715561191774/photos/p.907640439665946/907640439665946/
Дали овој случај Драги Рашковски се обидува да го сокрие и со тоа да ги загрози здравјето и животите на над 300 вработени во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија?
Дали воопшто постојат било какви протоколи и како оваа вработена со недели одела на работа без да извести за нејзината здравствена состојба? Дали постојат и други вработени во Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија кои се позитивни на Ковид-19 и дали е некој од вработените во самоизолација токму поради посочениов случај? Негрижата и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа и протоколите е најизразено во институциите, но никој не поведува постапка и не бара одговорност од функционерите кои се должни и одговорни за доследна примена на законите и грижата за здравјето на вработените во јавниот сектор! Поради тие причини, наместо да трошат ресурси во нелогични пропаганди и убедување на македонските граѓани дека петмина во избирачки одбор е сосема нормално, но тројца во ресторан претставува ширење на зараза, барам ВЕДНАШ:
- да ги обезбедат сите средства потребни за целосна и соодветна примена на законите и протоколите
- Да се преземат мерки за рана детекција и следење на КОВИД-19 во институциите
- Да ги ослободат сите вработени кои патуваат од подрачјата каде има КОВИД-19
- Неселективност и утврдување на одговорност за сите функционери кои не ги почитувале протоколите и го загрозиле здравјето на вработените во јавниот сектор!