СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
На 14.02.2020 на бул.„Октомвриска револуција” во Куманово, пријавениот се заканувал и спречил двајца вработени во ЈП Паркинг Куманово и полициски службеник да го подигнат неговото возило со специјално возило „пајак”, кое било непрописно паркирано.
Исто така, тој со возилото удрил еден од вработените во ЈП Паркинг Куманово.