„Лејди Антебелум“ го смени името за кое вели асоцирало на ропство

Американската кантри-група „Лејди Антибелум“ во четвртокот го смени своето име во „Лејди А“, и изрази жалење што не била свесна за поврзаноста на името со времето на ропство во Америка.

Триото, едно од најуспешните во кантри музиката, во отворено писмо соопшти дека тие го крстиле бендот пред 14 години по името на една куќа во Антебелум стил каде што биле направени нивните први фотографии.

Терминот антибелум се користи за означување на периодот и ахитектурата на југот на САД пред Граѓанската војна. Во архитектурата, се однесува на домови изградени на плантажите во американкскиот Југ.

Во изјава на Твитер, тие велат дека очите им се отворени за „неправдите, нееднаквоста и пристрасноста со која црните жени и мажите се соочувале од секогаш“.

„Жалиме што не ја зедовме предвид поврзаноста на овој збор со исторсикиот периодот пред Граѓанската војна, што вклучува ропство. Длабоко жалиме за повредата предивикана од името на бендот и за секој што се чувствувал небезбеден или неценет,“ додаваат од групата.

Треба да знаете
Последни објави