Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска го обвини својот политички ривал Виктор Бабарико за корупција, но демантира дека се обидел да го спречи да се кандидира на претседателските избори во август.
Бабарико е поранешен директор на локалниот огранок на руската „Гаспромбанк”, чии канцеларии вчера беа претресени, како дел од истрагата за затајување данок.
Тој рече дека истрагата е дел од политичкиот притисок врз него. Лукашенко негира дека случајот има врска со изборите, но рече дека Бабарико не може да ги измие рацете од обвиненијата и да ги обвинува другите службеници во банката.
-Тоа што најмногу ме нервира е што овој никаквец, бидејќи не можам да поинаку да го наречам, вели: јас немам никаква врска со тоа, другите се виновни, рече Лукашенко, пренесен од британските медиуми.
Лукашенко кажа дека 15 лица се приведени во случајот против „Гаспромбанк”.
-И јас сакам тој да излезе на избори. Но, нема да го направиме затвореник на совеста, рече Лукашенко.