Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.
На денешната седница е усвоен Протокол за работа на автокамповите со цел спречување на ширење на КОВИД-19.