Општина Аеродром почна со одржување на зградите на основните училишта

Општина Аеродром почна со реновирање и реконструирање на училишните згради што се на нејзина територија.

Реновирањето ќе ги опфати сите ѕидарски, столарски, лимарски, молерофарбарски работи, замена на санитарни, електрични уреди, радијатори и сл.

Моментално се работи во ООУ „Гоце Делчев“, каде што се врши реконструкција на тоалетите, кои ќе бидат комплетно обновени.

Општина Аеродром инвестира во подобрување на условите во училиштата, со цел осовременување и унапредување на образовниот процес и обезбедување здрава физичка средина во училиштата што ќе придонесе за нормално функционирање на наставата.

Треба да знаете
Последни објави