Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Нејзиното прогласување или не, порача тој, не е поврзно со одржувањето на изборите. Пендаровски апелира до лидерите на политичките партии да се договорат за датумот за изборите, зошто со организирање изборен процес кој не би бил инклузивен, земјата може да влезе во длабока политичка криза.
-Последните денови во јавноста се наметна дилемата дали е можно воведување вонредна состојба само на барање на Владата или и претседателот може самиот без предлог од Владата да прогласи вонредна состјба. Во тој дел Уставот е јасен. Претседателот на државата може и без барање од Владата да прогласи вонредна состојба. Меѓутоа тоа никогаш не го направив затоа што бев и се уште сум убеден дека во ниеден политички контекст една институција, која и да е, не смее да ги изолира останатите институции при носењето сериозни одлуки. Затоа имајќи ги предвид причините поради кои ги прогласував досегашните вонредни состојби сметам дека во вој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, рече претседателот Пендаровски во денешното обраќање до јавноста.
Тој истакна дека според инфомраиците од Владата, во изминатиот период се обезбедени доволни количини медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија. Во прилог на тоа, рече, говори и тоа што Владата овојпат не достави барање за воведување нова вонредна состојба.
-Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки, истакна шефот на државата.
Друга заблуда, според него е поврзаноста на вонредната состојба со датумот на изборите, бидејќи како што појасни тие може да се одржат и во вонредна состојба со мала измена на уредбата, во која наместо изборните роковите да течат по завршување на вонредна состојба да стои дека течат и за време на вонредна состојба.
-Знам дека нјаголемиот број наши грашѓани не размислуваат за избори во време кога имаме пораст на заболени, но избори и во време на корона, која нема да замине наскоро, се неоопходни за да добиеме функционален наместо распуштен парламент и легална и легитимна наместо техничка влада, потенцира Пендаровски.
На таа тема имал и комуниакција со лидиерите на политичките партии и комуникација со стератешките партнери од меѓународната заедница.
– Власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР, дека ДИК во осработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање на граѓаните и безбеден престој во просториите за гласање на членовите на избирачките органи, и домашните и меѓународните набљудувачи. За жал, власта и опозицијата битно не ги приближија своите ставови за датумот на изборите, истакна Пендаровски.
При организирање процес кој не би бил инклузивен, рече, постои потенцијална опасност и можен неповолен развој на настаните.
-Знаеме дека нашето општество е со години поларизирано по различни основи. Говорот на омраза ги продлабочува разликите по политичка етничка, верска и партиска линија. Од март оваа година се наоѓаме во комплексна здравствена криза заради пандемијата. Поради тоа што Собранието е распуштено, а имаме недоволно разработена правна регулатива за вонредни ситуации имаме иницијални елементи на уставно-правна криза. Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза. Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за дестабилизаијца преку хибридни закани и лажни вести, не можеме да исклучиме дека евентуланата правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна, рече претседателот.
Затоа тој упати јавен повик до претседателите на најголемата партија на власта Зоран Заев и најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски да седнат заедно уште денеска за да се најде излез од оваа ситуација со ставање на државните над личните и партиските интереси.
-Во спротивно само ќе ја отвориме вратата за уште поголема внатрешна криза при што нема да ја доведеме во прашање само нашата европска перспектива, туку, многу поважно, ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе на крај со пандемијата за што ни е потребен јасен државен консензус и стабилни институции, посочи претседателот Пендаровски.
Кризите од вакви размери во светот често, посочува, резултираат со обединување на луѓето околу заедничките цели и вредности.
-Нема ниту една единствена причина кај нас оваа криза да биде извор на нови поделби кои низ нашата историја сме ги имале премногу, истакна претседателот.
Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.
Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај. Претходните две беа триесетдневни, а првата беше прогласена на 18 март.