Повеќе од 10 полицајци од Минеаполис го осудуваат колегата обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и велат дека се подготвени да прифатат „промени, реформи и обнова”.
Во писмото објавено на веб-страницата на весникот „Стар Трибјун” од Минеаполис, 14 полицајци напишале дека „го осудуваат Дерек Шовин”.
„Дерек Шовин, како и ние, се заколнал дека светоста на животот ќе биде најскапоцена за него. Дерек Шовин не успеа како човек. Тој му го одзеде достоинството и животот на Џорџ Флојд. Тоа не сме ние”, се наведува во писмото.
Полицајците наведуваат дека тие не се ниту синдикат ниту администрациј