Финалето на ФА Купот оваа сезона ќе биде преименувано во „Heads Up” со цел да се обрне внимание на проблемите со менталното здравје, изјави принцот Вилијам.
Натпреварот за трофејот на најстариот фудбалски турнир ќе се одигра на „Вембли” на 1 август, откако паузата со коронавирус ја продолжи сезоната низ цела Европа.
„Емиратс” го спонзорира историскиот турнир од 2015 година, но се согласи да го промени името на финалниот натпревар на барање на принцот Вилијам.
Идејата на принцот е да ја популаризира важноста на доброто ментално здравје за луѓето.
– Поминавме низ тежок период со оваа пандемија. За жал, ова ќе има сериозни последици во општеството, не само во фудбалот, во однос на менталното здравје, рече војводата од Кембриџ