Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што функционер на СДСМ. За Мери Проја Продановска и нејзиното семејство не важат законите, затоа е што е активен член на СДСМ, дури и кандидат на изборни листи. Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Зоран Заев и на неговото правосудство.
Мери Проја Продановска и нејзиното семејство се под заштита на Вилма Русковска и за нив не важат законите. Само затоа што Мери Проја Продановска е функционер на СДСМ, тие се недопирливи дури и кога се фатени во производство на дрога.
Само затоа што Мери Проја Продановска е извршител на нарачките на Зоран Заев, законите за нив не важат. Скандалот поврзан со Проја, за кој што пишуваа медиумите е огромен.
Според медиумите, МВР во 2017-тата година во дворот на викенд куќа сопственост на родителите на Мери Проја Продановска, во Маркова Сушица, пронашла 15 стебла марихуана, по што до ОЈО е поднесена кривична пријава, за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело за кое што казната затвор е од 3 до 10 години. ЈО на Заев ја отфрлило пријавата, која била уредно документирана во МВР.
Како во оваа држава кога ќе ве фатат во производство на марихуана не одговарате!? А, луѓе кои немаат конекции со власта на Зоран Заев завршуваат во затвор за најбанални работи!?
Во хибридниот режим на Зоран Заев, со правосудство во пупка, не одговарате за производство на марихуана, ако ве штитат Заев и неговите обвинители.
Ова ли е причината поради која Заев ја држи уценета Проја, да извршува секакви нарачки!?
Проја е должник на Заев и се нафаќа да биде извршител на нарачките на параполицијата под контрола на СДСМ. СДСМ вмешува и злоупотребува институции во партиската битка. Одговорност за ова однесување ќе има, мора има. Ова е уште еден доказ за хибридниот режим и злоупотреба на државата, ова е уште еден доказ за шурување со криминалот, за неморалното однесување.
ВМРО-ДПМНЕ не прави компромиси со криминалот и по тоа е различно од СДСМ со кој што Македонија тоне во криминал, корупција, сиромаштија и срам.