Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Наполи обезбедија пласман во финалето на италијанскиот Куп каде веќе во среда ќе играат против Јувентус.
Во реваншот од полуфиналето, Наполи одигра 1:1 против Интер, но и тоа беше доволно за пласман во финале бидејќи првиот натпревар одигран во Милано заврши со минимален триумф од 1:0.
Елмас се најде во првиот тим на Наполи и играше се до 65 минута кога беше заменет од Фабијан Руиз.
Интер поведе уште во втората минута со голот од корнер на Кристијан Ериксен. Во продолжение од средбата „нероаѕурите“ не искористија неколку одлучни шанси за да го зголемат водството, по што следеше казната.
Во 41. минута Наполи преку одличен контранапад дојде до израмнување, Лоренцо Инсиње ја поведе контрата по што му асистирање на Дрис Мертенс кој успеа да го совлада Хандановиќ и да го постави конечниот резултат.